Големината е важна: Ракетите на SpaceX се многу поголеми отколку што мислевте (Видео)

Илон Маск неодамна сподели видео кое ни помага да ја визуелизираме големината на ракетите на SpaceX. Благодарение на специјалните ефекти ја споредуваме големината на Falcon 9, Falcon Heavy и BFR со работи од животот.

Видеото, секако, наместо вистински ракети користи 3Д модели, и ја прикажува големината на ракетите со кои SpaceX и Илон Маск планираат да ги исполнат своите планови за патувања низ вселената.

Ракетата BFR е апсолутен супертешкаш во споредба со останатите ракети.

Ракетата би требало да почне да превезува луѓе и опрема на Марс веќе во 2022 година. Станува збор за чудовиште високо 106 метри и тешко речиси пет илјади тона. Ракетата покрај летови на Марс би служела и за тури околу Земјата.

Првиот лет на BFR е закажан за првата половина на идната година.