Без рибање и маки: Еве како да го исчистите стаклото од рерната

Рибањето на стаклото на рерната дефинитивно е минато!

Со само три состојки можете да го исчистите стаклото од печката така што на крај ќе биде како ново – дури и деловите стакло со најтврдокорни маснотии.

Потребни ви се оцет, топла вода и сода бикарбона.

Измешајте ги овие три состојки така што ќе добиете паста. Пастата нанесете ја на стаклото од печката, а потоа оставете половина час да почне да делува.

Потоа пребришете со сунѓер и вашата рерна ќе „светне“.