Србија вечерва плаче: Веста за смртта на легендарниот Горан ги “запали” социјалните мрежи

Српските медиуми вечерва пренесоа жална вест, објавувајќи ја смртта на поранешниот српски фудбалер Горан Буњевчевиќ.

Поранешниот член на Црвена Звезда, Тотенхем и уште неколку клубови, ја загубил најважната животна битка, откако уште пред повеќе од еден месец доживеал излив во мозокот и итно бил опериран во Белград. Буњевчевиќ изминатиот период беше во критична ситуација, а денеска лекарите констатирале смрт на екс фудбалскате ѕвезда која имаше само 45 години и зад себе остави сопруга и едно дете.

Од доаѓањето на Славиша Кокеза на врвот на Фудбалскиот сојуз на Србија, тој извршуваше неколку функции, а последната беше спортски директор на српската фудбалска репрезентација.

Во тренд…