Шведски компир запечен со кашкавал и шунка: Не може да се опише, мора да се проба

Најдобар прилог кој можете да го послужите со било кое јадење…

Состојки: 1 кг компири, малку масло, сол по вкус, 200 гр кашкавал, 100 гр шунка или сувомеснато по избор, 2 шолји павлака за готвење или бешамел сос

Начин на подготовка: Компирите излупете ги и исечкајте ги на ленти но не до крај, компирите треба да останат составени на дното. Премачкајте ги со масло со помош на четка, посолете и печете во рерна на 200 степени окполу 1 час.

Дел од кашкавалот и шунката исечкајте на парчиња па редете во засеците на печените компири (шунка-кашкавал-шунка и така додека не ги наполните сите компири). Потоа прелијте сè со бешамел сос и посипете со останатиот рендан кашкавал.

Запечете уште 20 минути на 200 степени и вашиот шведски компир е готов!

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог.