Го „гризела“ совеста па платил казна стара 44 години

Американец поради грижа на совест платил парична казна за прекршок кој го направил пред 44 години.

Полицијата во градот Минерсвил во Пенсилванија примила коверт со пет долари и порака.

„Оваа казна ја носам повеќе од 40 години. И порано сакав да ја платам. Се извинувам што не го откривам идентитетот. Со почит, Дејв“, пишува во пораката.

Паричната казна е изречена во вредност од два долари, а казнетиот Американец пресметал и камата и во полиција испратил пет долари.