Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
Го напишала своето име на Гугл и доживеала големо понижување (Видео)
Ноел Мартин од Перт, Австралија, доживеала голема непријатност кога на Гугл покрај своето име забележала лажни експлицитни фотографии и снимки. Јасно било дека се работи за фото-монтажа, но за една 18-годишна девојка тоа било ужасно болно искуство.
„Прилично понижувачки. Тоа беше удар на достоинството, кој буквално ве девастира како личност“, објавнува Ноел за Дејли Мејл.
Некој ги земал нејзините фотографии од Фејсбук и од нив направил монтажа, а она што најмногу ја исплашило било што фотографиите изгледале уверливо, бидејќи биле направени на места каде Ноел живеела и студирала.
„Кога ги видов, посакав само да плачам и да не излегувам од соба. На некои фотографии пишуваше дека сум ’глупава крава’. Дури и ме ставиле на насловна фотографија на филмови со експлицитна содржина“, признава Ноел.
Кога овој инцидент го пријавила во полиција, и рекле дека самата е виновна и да биде внимателна со фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.
Од овој скандал поминале пет години, за среќа сè е заборавено, а Ноел сега е 23-годишна дипломирана правничка.