Шахта во Абу Даби ја докажува силата на бивша Југославија (Фото)

Сигурно милион пати сте го виделе натписот „Made in Yugoslavia“. Остатоци од тоа време се уште постојат во Обединетите Арапски Емирати.

Фотографијата која последниве денови кружи на Твитер прикажува шахта снимена на улиците на Абу Даби на која како произведувач е впишана Југославија, пишува Индекс.

Во коментарите под фотографијата, екипата на Твитер се присеќа на квалитетите на југословенските производи, а најдобар доказ за тоа е шахтата која и речиси после 30 години од распаѓањето на државата во која е произведена ја извршува својата функција во град оддалечен околу пет илјади километри.