Црвен дожд ги прекри автомобилите, а еве која е причината (Видео)

На социјалните мрежи кружат фотографии и снимки од интересен феномен кој вчера е забележан во Сибир. Имено, сопствениците на автомобили на паркинг во рускиот град Нориљск ги затекнале своите коли прекриени со црвен дожд.

Како што се гледа на фотографиите кои ги пренесоа бројни портали, автомобилите се прекриени со црвена вода.

Причината за овој феномен била брзо откриена. Имено, во Нориљск е сместен металуршки комбинат чиј портпарол за агенциите рекол дека јавноста не треба да стравува и дека дождот веројатно е „последица од црвенкастата прашина која останала после чистењето на кровот.“

Прашината била спремна за транспорт, но дувнал ветер кој ја однел во висините, а потоа се измешала со водата.