На грчки остров цените пржат појако од сонцето: Кафе и вода по 9 евра, а сендвич 25

На грчкиот остров Миконос цените пржат појако од сонцето – така лежалки во прв ред до морето на плажата Псароу чинат помеѓу 300 и 500 евра на ден.

Како што наведуваат порталите, во напознатиот бар „Намос“, кој се наоѓа на истата плажа, кафето чини девет евра, како и шише вода, а за сок треба да издвоите 14 евра.

За обичен сендвич гостите мора да платат 25 евра.

Посетителите на овој бар дневно трошат помеѓу 5.000 и 100.000 евра.

Во „Намос“ ирско кафе чини девет евра. „Фредо“ капучино осум евра, а исто толку и шише обична вода.

Доручек со кафе, сок од портокал, леб, путер, домашен џем, мед, јајца, каша со ореви, јогурт, овошна салата, разни сирења и кроасани чини 35 евра, а сендвич со пилешко 25 евра, пренесе Спутник.