Со години слушале чудни звуци од таванот, а не ни знаеле дека таму расте ѕвер од два метра (Видео)

Неколку години семејството на Боб ван дер Херхен од Флорида слушало необични звуци од таванот на својата куќа, но одбивале посериозно да се позанимаваат со тој проблем.

Кога и да се пожалеле синот или сопругата на чудни звуци, Боб на тоа не придавал премногу внимание, туку сметал дека се работи за глувци или ветер. Меѓутоа, кога еден ден конечно отишол да провери што се случува на таванот, имал и што да види.

На таванот се вдомила двометарска змија, која дури и пробила отвор во внатрешноста на ѕидовите каде на зима се греела.

Веднаш повикале служба за фаќање змии како би го отстраниле ѕверот од куќата.