Вечно пријателство: Верверица се уште го посетува човекот кој ја спасил (Видео)

Неверојатната љубов на животните кон луѓето ја забележал Реј Климас, кој враќајки се од забава спасил верверица после пад од дрво.

Големиот љубител на животни успеал да го спаси младенчето верверица, а потоа ја одвел и на ветеринар.

Сепак, необичната љубов на животното се покажала кога Реј го вратил својот нов животински пријател во природа.

Верверицата потоа одлучила често да го посетува Реј како да се заблагодарува за тоа што ја спасил.