И Русија воведе дополнителни царини за производи од САД

По Европската Унија и Кина, дополнителни царини на дел од американската роба денеска воведе и Русија, соопшти тамошното Министерство за економски развој и трговија.

Дополнителни царини ќе има за некои видови на техника за изградба на патишта, опрема за нафта и гас, инструменти за обработка на метал и бушење на камен, како и оптички влакна, изјави министерот Максим Орешкин, пренесува „Спутник“.

Висината на дополнителните такси ќе изнесува од 25 до 40 проценти.

Дополнителните царини се одговор на увозната царина на челик и алуминиум од Русија, што ја воведе Вашингтон. Штетата од американските трговски ограничувања за руските извозници се проценува на 537,6 милиони долари.