Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Ердоган вети нова етапа за развојот на Турција

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган вети дека неговата инаугурација ќе отвори нова етапа за неговата земја.

„Во понеделник, на 9-ти јули, ќе се одржи церемонијата на инаугурација, по што државата ќе влезе во нова фаза на развој. Ќе ја издигнеме Турција нагоре, решавајќи ги структурните економски проблеми, а ќе започнеме со дефицитот, инфлацијата и високите камати“, изјави Ердоган пред парламентарната група на владејачката Партија на правдата и развојот.

Пратениците на новизбраниот турски Парламент, денеска на конститутивна седница положија свечена заклетва, со што започна нивниот мандат по изборите што се случија на 24 јуни во Турција.