Нова цена на бензините

Утре на 9 јули Регулаторната комисија треба да ги утврди новите цени на горивата, вообичаено тоа го прави секоја втора недела.

Пред речиси две недели, Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука со која цените на бензините поевтинија за денар.

По одлуката од 26.06.2018 година малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,5 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС по Одлуката од 26.06.2018 година изнесува 33,695 ден/кг.