Сe израдував кога го слушнав неговото име, вели мајката на едно од момчињата од пештерата

Мајката на Монгкол Бунпијам, едно од четирите момчиња кои беа ослободени од пештерата во Тајланд, вели дека е пресреќна што нејзиниот 14 годишен син најпосле ја здогледал светлината на денот. Таа како и поголем дел од родителите, ја минала ноќта пред пештерата чекајќи ја радосната вест, пишува „Гардијан“,

„Само го слушнав неговото име, Монгкол и многу се израдував. Не знам што да му кажам. Чекајте прво да го видам“, раскажува мајката на момчето.

Четирите момчиња беа извлечени денеска во операција што траеше осум часа, откако поминаа две недели во пештерата. Тие веднаш беа пренесени во болница, во близина на Чианг Рај.

Властите не сакаа да ги именуваат децата кои беа спасени, а мајката на Монгкол радосната вест ја дознала од медиумите во Талјанд.

Спасувачката операција ќе продолжи утре.