Е, ова е газда: Бизнисмен им подарил патување на своите работници, а ќе им даде и кеш за трошење

Еден идниски бизнисмен, кој се наоѓа на листата милијардери на Форбс, овој месец ќе го посети Истанбул со 3.500 вработени на својата фирма, и сам ќе ги сноси сите трошоци во износ од 10 милиони долари.

Ова патување е „празничен подарок“ од милијардерот кој не е именуван. Во организација на патувањето вклучени се турски туристички агенции како и министерството за култура и туризам, пишува турски Хуриет Дејли Њуз.

Еднонеделниот одмор ќе вклучува обиколка на истанбулските знаменитости како и патување со приватна јахта на Босфор.

Освен основниот буџет од 10 милиони долари, бизнисменот, на вработените ќе им даде милион долари во кеш за трошење за време на одморот.

Повеќе од 10 хотели во Истанбул, вклучувајќи и некои луксузни, се резервирани за членовите на оваа необична „екскурзија“.