Куче нашло кутија со напуштени мачиња, па одлучило да им стане татко (Видео)

Кучето е најдобар пријател на човекот, но и едно од најдружељубивите животни на светот.

Ова куче по име Арагон е совршен пример за тоа. Како дел од едно убаво семејство и самиот станал дружељубив и драг кон секого.

Иако и самиот е пронајден и спасен од тешките животни услови, неговото омилено хоби е дружење со семејството.

Еден ден додека Арагон бил на прошетка забележал нешто необично.

Тоа била мала кутија на земја на која внимателно и се приближил, а потоа ја отворил. Содржината во кутијата била неочекувана!

Неколку мачиња биле фрлени во кутијата, но Арагон одлучил да ги посвои, заедно со семејството кое го посвоило него, па ја преземал улогата татко на малите мачиња.