Не знаел дека треба да пријави девизи: Слетал на аеродром со 153.000 евра во кеш

Руски државјанин (30) во саботата на аеродромот „Никола Тесла“ е спречен незаконски во Србија да внесе 143.000 евра.

Во соопштението Царинската управа наведува дека овој државјанин на Русија откако од Москва допатувал во Белград на аеродром се упатил кон зелениот контролен премин, порачувајќи дека ништо нема да пријави.

Меѓутоа, во неговата рачна торба царинските службеници откриле дури 153.000 непријавени евра, од кои му вратиле 10.000, што е дозволен износ кој може да се пренесе без пријава.

Иако патникот изјавил дека не знаел дека треба да ги пријави парите, тоа, како што е соопштено, не го ослободува од одговорност.

Околностите на овој случај детално ќе бидат утврдени за време на прекршочната постапка.