Силно невреме предмалку пустошеше во Ресен – град со големина на орев ги побели улиците

Град со големина на орев во подолг период пустошеше низ Ресен и Преспа, попладнево околу 15 часот.

Засега нема информации за евентуални штети од силниот град кој со години ги уништува овошките во регионот.

Силното невреме се уште трае над преспанскиот регион.

Синоптичарите за утре велат дека во поголемиот дел од земјава ќе настапи стабилизирање на времето, а во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд.

Потоа следува период на претежно стабилно и потопло време, освен во петок кога во попладневните часови на север ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Во тренд…