Единаесет сообраќајки во Скопје, четворица повредени и над 60 возила подигнати од „Пајак“

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три со телесни повреди и седум со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди а четири со лесни телесни повреди. Санкционирни се 47 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената. Дваесет возачи се исклучени од сообраќај: 18 од нив затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување со возило, потоа еден возач бидејќи возел под дејство на алкохол и уште еден затоа што бил возач почетник.

Тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, петмина затоа што недале првенство на минување на возила во зона на крстосница а 11 возачи некористеле заштитен шлем. Покрај ова 22 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 20 биле нерегистрирани а две заради техничка неисправност.

Во однос на пешаците санкционирани се шестмина пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и шестмина што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози, додека пак 61 возила се подигнати со “Пајак”.