Крофни меки како душа, никој не може да им одолее!

Крофни меки како душа, кој би им одолеал. Празни и посипени со шеќер во прав, полнети со џем или чоколадо, секако се вкусни!

Состојки: 1 кг меко брашно, 600 мл млеко, 1 квасец, 3 лажици шеќер, 1 лажичка сол, 50 мл масло, 2 жолчки, 1 лажичка шеќер (за квасецот), масло за пржење

Начин на подготовка: Загрејте го млекото, да не биде врело и додајте лажичка шеќер, 2 лажички брашно и издробете квасец. Сè измешајте, покријте со крпа и оставете на топло квасецот да се подигне.

Потоа во чинија за мешање ставете брашно, жолчки, масло, шеќер и млеко со подигнат квасец. Замесете глатко тесто, покријте и оставете да надојде.

Потоа тестото уште еднаш премесете го и оставете го уште еднаш да надојде.

Тестото развлечете го на работна површина со дебелина од еден прст. Со чаша вадете крофни и пржете во загреано масло додека не добијат убава жолта боја. Крофните полнете ги со фил по желба и посипете ги со шеќер во прав.

Уживајте!