Обединети за Македонија со поддршка за договорот со Грција

Обединети за Македонија го поддржува договорот за надминување на спорот со името и ги повикува граѓаните, особено младите, да излезат на референдумот на европската иднина на Македонија

„Претседателството на Обединети за Македонија на својата синоќешна седница расправаше и го поддржа договорот за надминување на спорот со името. Оценка на Претседателството е и да се даде можност за подобра иднина на младата популација и на генерациите кои доаѓаат, преку создавање предуслови за прием на нашата земја во евро-атланските интеграции.

Со придавката северна нема да се изгуби идентитетот на државата, ниту другите суштевствени определби. Тие не се загрозени – ниту се менуваат, став е на Претседателството.

Обединети за Македонија најавија дека внимателно ќе го следат реализирањето на договорот, и со своето делување ќе придонесуваат кон, како што велат, неговото остварување во духот на темелните Партиски определби согласно кои утре навистина ќе станеме, рамноправна членка на ЕУ и НАТО.