Почина познатиот македонски професор

Во Скопје почина Живко Мадевски, еден од првите професори на Природно-математички факултет на УКИМ, негов декан и иницијатор за формирањето на студии по информатика. Тој изведувал наставата по теориска ме­ха­ника, ана­литичка геометрија, линеарна алгебра, а повремено гостувал како нас­тав­ник на Фармацевтскиот, Економскиот и други факултети во Скопје. Бил извон­реден методичар, дидак­тичар, педагок, автор или коавтор на повеќе (околу петнаесет) учебници за сите три степени на образование.

Добитник е на престижната награда “Св. Климент Охридски“.

Како Претседател на Асоцијацијата на математичари Проф. Мадевски посебно се грижел за напредокот на талетираните во оваа научна дисциплина, како и развивањето афинитети кон новите информатички науки. Меѓу наставниците и студентите важел за исклучително толерантен и грижлив колега.

Погребот на проф. Живко Мадевски е во среда на градските гробишта во Скопје.