Предмалку се огласи премиерот Зоран Заев, по смртта на младото момче: Ова е пораката до нацијата

– Омразата и насилството не и прилегаат на Македонија и одат на директна штета на нашата иднина и на нашата младина. Апелирам сите да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост. Само така, ќе им дадеме можност на институциите да си ја завршат својата работа, за што се платени од граѓаните. Правдата и толеранцијата во општеството се наши заеднички цели, да се вложиме целосно и одговорно за да ги достигнеме.

Изразувам сочувство до семејството на младиот Саздовски, нека почива во мир, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук.