Шефот на спасувачката мисија ја отфрли помошта на Илон Маск

Шефот на спасувачката мисија ја одби помошта на американскиот претприемач, Илион Маск, кој пред неколку дена дизајнираше мала подморница, со чијашто помош децата би тебало да се спасат лесно и брзо.

„Иако неговата технологија е добра, тоа не е добро за оваа мисија“, рече Наронгсак Осатанакорн, кој моментално ја координира мисијата.

Маск преку социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека се наоѓа во Тајланд со прототипот на мини-подморницата, кој ако не сега, би можел да послужи во иднина.

„Само што се вратив од пештерата Три. Мини-подморницата е подготвена доколку има потреба. Направена е од ракетни делови и наречена „Дива свиња“ по името на фудбалскиот клуб за кој тренираат децата. Ја оставам во случај да најде корист во иднина“, напиша Маск, којобјави и видео-снимка од симулацијата на движење на подморницата низ пештерата.