Тереза Меј го именуваше Џереми Хант за шеф на дипломатијата

Британската премиерка Тереза Меј го именуваше досегашниот министер за здравство Џереми Хант за министер за надворешни работи, откако Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата во знак на протест поради владините планови за блиски трговски односи со ЕУ.

Хант важи за еден од министрите кои се најлојални на Меј. Беше министер за здравство од 2012 година.

„Време е на нашата премиерка да и се даде поддршка за да постигне голем договор за Брегзит – сега или никогаш“, напиша тој на Твитер.