Трамп го постави Кавано за судија на Врховениот суд на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше Брет Кавано, поранешен советник на експретседателот Џорџ Буш, за нов судија на Врховниот суд. Кавано (53), како што пренесуваат американските медиуми, е прилично конзервативен судија со добри политички врски, а неговото именување предизвика жестока битка со демократите,зошто Трамп, како што велат некои од медиумите, настојува Врховниот суд да го помести уште повеќе кон десно.

„Глас на Америка“ констатира дека ова е можеби една од најдалекусежните одлуки на Трамp во неговиот претседателски мандат. Трамп го избра Кавано како кандидат за нов судија на Врховниот суд, на местото на Ентони Кенеди, кој заминува во пензија.

„Нема личност во Америка кој е повеќе квалификуван или повеќе ја заслужува оваа функција“ изјави Трамп во телевизиското обраќање до нацијата.

Тој го нарече Кавано брилијантен правник кој го посветил животот на јавната функција. Кавано изминатите 12 години бил федерален судија.