Ексминистерот за правда, Салији, избран за заменик-директор во МЕПСО

Поранешниот министер за правда, Билен Салији, е назначен за заменик-генерален директор во МЕПСО и за член на Управниот одбор на компанијата. Салији бил назначен на овие две функции од Надзорниот одбор на компанијата.

Билен Салији беше министер за правда од јуни 2017 година до март годинава. Тој поднесе оставка од функцијата министер за правда поради, како што наведе, „разнишаната доверба во судството по одлуката за преквалификување на обвинението во случајот на малиот Алмир“.

Салији од 2011 до 2017 година бил директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, а претходно од 2009 до 2011 бил директор во ЈКП „Врапчиште“.

(Makfax)