Германска неонацистка осудена на доживотен затвор за убиство на 10 луѓе

Неонацистката, Беате Чшепе, е осудена на доживотен затвор во Германија за убиства кои ги извршила како член на неонацистичката група НСУ.

Германскиот суд ја прогласи Чшепе како виновна по 10 точки од обвинението за убиство на 10 лица, осуммина Турци, Грк и германска полицајка, во периодот од 2000 до 2007 година, пренесе агенција „Ројтерс“.

Таа негираше дека е одговорна за убиството на Ува Бенарт и Ува Мундлос, кои според неа, извршиле самоубиство во 2011 година, кога полицијата случајно ја открила неонацистичката група.

Чшепе рече дека се чувствува морално одговорна затоа што не ги спречила во намерата.