Мистериозна смрт во Македонија: Пронајден мртов маж на задно седиште во автомобил кај мост

Во Струга кај мостот на реката Сатеска во автомобил „бмв“ со струшки регистарски таблички на задното седиште бил најден починат шеесет и тригодишен маж од с. Теферич, Струшко.

Бил извршен увид на местото на настанот од страна на екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.