Овој град ќе им дава на жителите по 26.000 денари месечно да не работат ништо

На само 120 км од Силиконската долина се наоѓа градот Стоктон. Иако сместен во еден од најбогатите региони на САД, Калифорнија, Стоктон пред шест години банкротирал (градот беше познат и како престолнина на банкротот).

Сега се подготвуваат за воведување универзален приход, што ќе ги направи пионери на американско тло. Тоа значи дека стотици жители на Стоктон ќе добиваат по 500 долари месечно (околу 26.000 денари), наредната година и половина, без никакви обврски, пишува Си-Ен-Ен.

Револуционерниот систем би требало да обезбеди сите да имаат пристап до одредена сума пари која би им требала да им обезбеди достоинствен живот.

Овој систем има поддршка од водечките милијардери во светот, како Илон Маск, Ричард Брансон и Марк Закерберг, бидејќи се надеваат дека со тоа ќе се намали јазот помеѓу богатите и сиромашните и ќе се олесни автоматизацијата на работи поради која многу занимања ќе престанат да постојат.

 

– Би требало да воведеме универзален приход со цел да се обидеме да ги развиваме своите идеи без страв од банкрот, рекол Марк Закерберг.

Стоктон има повеќе од 300.000 жители, а секој четврти живее во сиромаштија.

Исплатата на универзалниот приход би требало да започне во 2019 година, а подоцна ќе се анализира како ќе влијае на жителите – дали повеќето од нив ќе вложуваат во своето образование, здравствено осигурување…

Овој експеримент не е прв таков во светот. Околу 2.000 невработени Финци примале месечна сума од 560 евра, во Камбоџа бремените жени примале 5 долари месечно, а за универзален приход се размислува и во Канада.