Потресно сведоштво по вечерашната сообраќајка: Пешакот леташе неколку метри

Новинарката Сашка Цветковска на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека ја посведочила несреќата која што се случи вечерва, а за која претходно објавивме и раскажа дека пешакот бил брутално прегазен.

„ Не можам да проценам кој од овие два автомобила ја предизвика несреќата, но невиниот пешак буквално леташе неколку метри во висина пред да биде отфрлен долу по ударот во бандерата на кој му претходеше удар од еден од двата залетани автомобили“, напиша Цветковска, пренесе Макфакс.