Повторно промени: Еве што прогнозираат синоптичарите за наредниве денови

Утре времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб северозападен ветер.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Дневната температура ќе се движи од 24 до 36 степени.

В петок и за време на викендот во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец.

 

Во тренд…