Пукање во Македонија: Приведен познат градоначалник

Приведен е градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев. Според неофицијални информации тој се сомничи за шверц со цигари.

Стојчев бил приведен синоќа додека бил заедно со неговата сопруга, синот и уште еден соучесник.

За време на полициската акција имало и вооружена престрелка.

МВР најави повеќе информации во текот на денот.