Силување на дете ја потресе Македонија

Основното јавно обвинителство Прилеп гони 69-годишно лице за полов напад врз дете.

„Кривичниот настан се случил вчера во претпладневните часови. Осомничениот бил забележан од вработени во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп како во дворот на установата врши полови дејствија врз детето. По пријавата е веднаш постапено и сторителот е лишен од слобода. Основното јавно обвинителство Прилеп постапувајќи во предметот донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомниченото лице кое е на возраст од 69 години, за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е можна затворска казна во времетраење од најмалку 12 години“, соопшти ОЈО.

Обвинителството додава дека надлежниот јавен обвинител ценел дека се исполнети законските основи, па до Основниот суд Прилеп доставил предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.