Топол ден со температури до 34 степени Целзиусови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18, а дневните од 27 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево време, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер и температура во интервал од 15 до 31 степен.

До крајот на работната недела ќе се задржи претежно стабилно и топло време. Во петок ќе има услови за краткотрајна нестабилност на северот и ќе започне да дува поинтензивен северен ветер. За време на викендот се очекува појава на локален дожд и ретки грмежи.