Трагедија: Го нашле мртов во бездна длабока 50 метри

Педесет и осумгодишен жител на Кичево е пронајден мртов во бездна длабока 50 метри на локалниот пат за с. Речани. На патот над бездната бил паркиран неговиот автомобил.

Од страна на Територијалната противпожарна единица во Кичево лицето било извлечено и од страна на лекар од итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид на местото на настанот и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.