Владата разреши функционер

Владата на одржаната 78. седница го разреши Арменд Шаќири од должноста директор на КПУ – Казнено-поправен дом од отворен вид Струга.

Како што соопштија од владината прес-служба, одлуката за разрешувањето на Шаќири е донесена на негово барање.

Ваквиот чекор следува по полициската акција спроведена во Струга, односно по обелоденетите информации дека инспектори, полицајци, чувари во затворот, но и локални бизнисмени биле замешани во добро организираната криминална група за продажба на дрога и оружје во Струшкиот Регион.(Makfax)