Дедото на Тамара осуден на 7,5 години затвор за нападот на Тодоров

Педесет и седумгодишниот Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, која почина во 2015 година чекајќи на операција на рбетот во странство, е осуден на 7,5 години затвор за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Ваква одлука донесе кривичниот суд во Скопје.

Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година. Обвинителството побара продолжување на притворот до ивршување на почетокот на казната со образложение дека постои опасност обвинетиот да го доврши делото и да биде недостапен за органите на прогонот.

Стојановски има право на жалба на првостепената пресуда пред Апелацискиот суд во Скопје.Одбраната најави жалба и побара поради здравствени проблеми на обвинетиот да се укине притворот до извршување на казната.

Апелациониот суд пред две недели ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието вина. Одлуката следува по жалбата на Обвинителството. Љупчо Стојановски со одлуката на второстепениот суд е осуден на ефективна казна затвор од 1 година.(Makfax)