Детали за страшната сообраќајка во Скопје

Шеесет и петгодишниот Д.Б. (65) од село Волково е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на булеварот Партизански одреди во Скопје. Тој е пренесен и задржан на лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата потврди дека три лица се повредени во несреќата што се случи во 19.55 часот на крстосницата од булеварот Партизански одреди и булеварот Св. Климент Охридски меѓу „бмв“, управувано од Б.Т. (29) од Скопје, и „мерцедес“, управуван од К.И. (65) од Скопје.

Покрај пешакот од Волково, телесни повреди добиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В. (40) и В.И. (56). Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.