Џиновски печурки пронајдени во Црна Гора

Белграѓанката, Злата Пауновиќ, вчера на Жабјак, Црна Гора, пронашла џиновска печурка тешка околу 6 килограми.

Печурката може да се јаде само кога е млада, односно додека месото и е бело.

Поради специфичниот облик, овој вид печурка тешко може да се замени со друг вид. Може да се консумира и сурова. Екстратот од печурката, според некои автори, има антибактериски својства.