(Фото) Колинда на самитот на НАТО се појави во навивачка комбинација и се сликаше со Заев

Хрватска е во финалето на Светското првенство во фудбал, а државните претставници покажаа пред светските лидери дека го бодрат и дека се горди на својот национален тим.

Најголемо внимание, како што и се очекуваше, предизвика хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, кој имаше интересен кодекс за облекување на самитот на НАТО во Брисел.

Инено, вчера по победата на Хрватска во полуфиналниот натпревар против Англија, Грабар-Китаровиќ на самитот се појавила облечена во препознатливиот коцкест дрес. Доказ за тоа се и фотографиите направени со македонската делегација, односно со премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.