Ѓорчев се сретна со претседателот на Германија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев како шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија при парламентарното Собрание на ОБСЕ учествува на годишното собрание во Берлин.

Во рамките на собранието на ОБСЕ, Ѓорчев се сретна со пратениците во германскиот Бундестаг, Фолкмар Клајн (ЦДУ), Дорис Барнет (СПД), Михаел Линк (ФДП) и Андреј Хунко (Линке).

„Во своето обраќање на собранието во германскиот Бундестаг пратеникот Ѓорчев се осврна на политичкиот прогон во Македонија и политичките затвореници во Македонија, недостигот од слобода во медиумите, лошите економски состојби во Македонија и повеќе други актуелни прашања. Истите теми беа покренати и образложени за време на билатералните средби и разговори кои ги одржа пратеникот Ѓорчев“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.