Каменуван возот од Скопје за Кичево

Патничкиот воз, кој сообраќал на релација Скопје-Кичево, кај влезниот сигнал на железничката станица „Радуша“, бил каменуван од непознати лица. Според полицијата, инцидентот се случил вчера во 17.25 часот.

Притоа било скршено едно стакло од вагон, а повредени патници нема. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.