Kаснато 11-месечно дете во градинка, инспекторите на терен

Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата работи на расветлување на случајот со 11-месечното дете што било каснато во градинка. Министерството за труд и социјална политика информира дека е запознато со случајот за каснатото 11-месечно дете и дека е во постојан контакт со градинката.

„Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж, во согласност со законот ќе се поведе постапка за утврдување дисциплински престап“, соопшти Министерството.

Оттаму додаваат дека поради намалениот број деца во јавните установи за деца во летниот период долгогодишна пракса е децата од разни занимални во зависност од возраста да се згрижуваат во помал број занимални, но тоа не значи и зголемен број деца во нив.

Мајката на детето тврди дека тоа било изгризено и удирано во градинка. Таа на „Фејсбук“ објави дека кога отишла да ја земе својата 11-месечнаа ќерка од градинка во Скопје, забележала видливи повреди на грбот на детето по што веднаш отишла во болница. Од страна на воспитувачката ѝ било кажано дека, најверојатно, ја полазил инсект, но докторката го потврдила тоа во што се сомневала мајката, дека детето е гризено и удирано.

Во тренд…