Макрон го демантира Трамп: Членките на НАТО не се согласија да ги зголемат трошоците за одбраната

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го отфрли тврдењето на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека членките на НАТО се согласиле да ги зголемат трошоците за одбрана над два процента од домашниот бруто-производ.

Запрашан за тврдењата на Трамп, Макрон на новинарите им порача да го прочитаат соопштението што беше објавено вчера и е многу детаљно.

„Во соопштението се потврдува целта е два отсто до 2024 година. Тоа е сѐ“, додаде Макрон.

Претходно, денеска, на вториот ден од НАТО-самитот, Трамп изјави дека членките на НАТО се согласиле да ги зголемат своите воени трошоци и се обврзале да потрошат повеќе од 2 отсто од својот БДП на буџетите за одбраната.