Мечок им влегол во дворот, се искапил во џакузи и им ги испил подготвените маргарити

Марк Хоуг и неговата сопруга од Алтадина одмарале во својот двор во Калифорнија кога одеднаш се појавил мечок.

„Мојата сопруга дојде од работа и ме замоли да подготвам маргарити. Направивме неколку и излеговме покрај базен да се сончаме“, вели Хоуг, кој потоа слушнал пукање на оградата.

Кога звуците станале погласни, отишол да провери што се случува. Тогаш сфатил дека мечок влегува во дворот.

Од полицијата во Лос Анџелес соопштиле дека примиле шест повици во врска со појавувањето на мечокот, но не успеале да го лоцираат.