Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Мицкоски повика на протест во Кавадарци

Нема ниту датум за преговори со ЕУ ниту безусловна покана за НАТО затоа што имаме неспособна Влада, повикувам на протест во Кавадарци в недела во 13 часот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видеообраќање.

„Ќе продолжиме да протестираме. Ве повикувам оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш, кој ќе започне од кружниот тек „Сашко Гешковски“ до спомен-плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО по Солунскиот“, најави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека СДСМ дојде на власт со ветување за подобар живот и повисоки плати, но сега молчи за неправдите, а ладнокрвните убиства ги третира како статистичка евиденција во црните билтени.