Орал нива – налетал на артилериска граната

Жител на крушевското село Бучин при орање нива во атарот на селото пронашол неиспукана артилериска граната од 75 мм од Првата светска војна. Според полицијата, настанот бил пријавен вчера во 17.50 часот во Секторот за внатрешни работи Битола од страна на А.С. (39) од село Бучин.

 

Гранатата од страна на пиротехничар била безбедно подигната и предадена за понатамошна постапка.