Правиме заеднички напори за намалување на невработеноста, порача Царовска

Правиме заеднички напори за решавање на еден од најгорливите проблеми во македонската економија-креирање на работна сила со вештини и компетенции кои соодветсвуваат на потребите на пазарот на трудот во Република Македонија и со тоа намалување на невработеноста, рече Министерката за труд и социјална политика Мила Царвоска на координативен состанок за вмрежување на активностите за развој на работната сила во Македонија.

Во оваа насока Министерсвото за труд и социјална политика веќе активно ја спроведува програмата младинска гаранција. Пилот проектот се реализира во три општини. Досега дури 1.708 млади лица се пријавиле во Агенцијата за вработување, а од нив 490 веќе успеале да се вработат. Има такви, односно над 70 кои основале свој бизнис искористувајќи ги мерките за помош од државата.

Од министерството велат дека ќе продолжат активно да работат заедно со посредници и Агенцијата за вработување, за зголемување на достапноста на работните места. Додаваат дека се отвораат тренинг центри за стручно образование во кои невработените лица ќе добиваат соодветна обука.